Сивус групацијата ја презеде Александрија, најстариот домашен специјализиран центар за едукација и дообразба во ИТ-секторот. Сивус едукативниот и развоен центар, како дел од Сивус групацијата, во целост ги презема портфолиото, кадрите и програмата на Александрија согласно договорот склучен на 11 јули 2013. Bаквото спојување на ресурсите, знаењето и енергијата ќе резултира во заземање на лидерска позиција од страна на Сивус едукативен и развоен центар на македонскиот пазар за специјализирана ИТ-едукација. Сивус едукативниот и развоен центар е присутен на пазарот повеќе од 3 години и веќе стана препознатлив како креатор на најсовремени програми и иновативна методологија за едукација на ИТ кадри барани од страна на индустријата. Александрија, пак, веќе 20 години оперира на македонскиот пазар развивајќи генерации на инженери преку специјализирани обуки и курсеви од областа на информатиката и мрежните технологии.
Сивус групацијата ја презеде Александрија, најстариот домашен специјализиран центар за едукација и дообразба во ИТ-секторот.
Сивус едукативниот и развоен центар, како дел од Сивус групацијата, во целост ги презема портфолиото, кадрите и програмата на Александрија согласно договорот склучен на 11 јули 2013.
Како што истакна Ирена Чаушевска, директор на Едукативниот ценат на Сивус, ваквото спојување на ресурсите, знаењето и енергијата ќе резултира во заземање на лидерска позиција од страна на Сивус едукативен и развоен центар на македонскиот пазар за специјализирана ИТ-едукација.
Сивус едукативниот и развоен центар е присутен на пазарот повеќе од 3 години и веќе стана препознатлив како креатор на најсовремени програми и иновативна методологија за едукација на ИТ кадри барани од страна на индустријата. Александрија, пак, веќе 20 години оперира на македонскиот пазар развивајќи генерации на инженери преку специјализирани обуки и курсеви од областа на информатиката и мрежните технологии.